Универзитет во Амстердам

Летен институт за справување со конфликти

Во Универзитетот од Амстердам, во рамките на Меѓународна школа за хуманитарни и општествени науки од 7 до 18 јуни 2004 година, ќе се одржи летен институт за справување со конфликти. Краен рок за аплицирање е 15 април 2004 г. Летниот институт е создаден со цел да им овозможи на сегашните и на идните професионалци да бидат поефикасни во справувањето со конфликтите со коишто се соочуваат секој­дневно - конфликтите во надворешната средина и конфликтите во нивните орга­низации. Примарниот фокус ќе биде ставен на предизвикот да се биде дел од една организација којашто би давала услуги во висококонфликтни ситуации, на пример, напори за хуманитарно олеснување и про­грами за постконфликтен економски развој. За остварување на оваа цел, курсот ќе претставува една стимулирана интеграција на теорија и пракса, поврзувајќи го највисокото ниво на академска широчина и длабочина со практичното искуство и личниот развој.

Профил на студентите: постдип­ломци од целиот свет; про­феси­оналци (магистри) со академска обука од кое било поле, вклучувајќи ги и оние кои работат во владини агенции, развојни организации, невладини орга­ни­зации, фирми и медиуми; универ­зитетски наставен кадар, особено од незападните земји. За повеќе инфор­мации посетете ја веб-страницата: http://www.ishss.uva.nl/SID/ или обра­тете се на електронската адреса  sic-ishss@uva.nl.  

Г.Ш.