публикации

Годишен извештај 2006

ЦНДХ Ромаеуропе (ЦНДХ Ромаеуропе - Тхе Ромаеуропе натионал хуман ригхтс гроуп) го објави Годишниот извештај за 2006 година. Годишниот извештај е поделен во три дела. Во првиот се зборува за настаните во 2006 година, каде се опфатени прашањата како што се протерување од живеалиштата, апсења и депортација, пречки во пристапот за здравствена грижа. Во вториот дел се опфатени регионалните активности и националните акции. Третиот дел ги опфаќа прашањата за детството, домаќинството и здравството. Извештајот се однесува на Ромите од Централна и од Источна Европа кои живеат во Франција.

Ново деветгодишно основно училиште

Бирото за развој на образованието, врз основа на Концепцијата за деветгодишно основно воспитание и образование, ја издаде брошурата „Ново деветгодишно основно училиште”.

Брошурата содржи неопходни информации за родителите на учениците, запишани во учебната 2007/08 година, а нејзиното печатење финансиски го помогна Канцеларијата на Уницеф - Скопје.