европа
Публикација на СЕЕМО
Организацијата за медиуми за Југоисточна Европа ЦЕЕМО ја издаде публикацијата „Медиумите и малцинствата во Југоисточна Европа”, во која е опфатена состојбата на малцинствата и медиумите во: Албанија, БиХ, Бугарија, Хрватска, Кипар, Грција, Унгарија, Македонија, Молдавија, Црна Гора, Романија, Србија/Косово, Словачка, Словенија, Турција и Украина.
Во книгата се вклучени презентации од некои изданија на малцински медиуми, како и контакт-листа на избрани медиуми. Таа содржи и специјални извештаи направени од страна на малцински медиуми за Ромите и Ароманите во регионот. Другите специјални извештаи се однесуваат на правната рамка и образованието на претставниците на малцинските медиуми. Книгата исто така нуди и преглед на малцинствата и медиумите, како и преглед на неколку важни меѓународни и регионални конвенции, декларации, насоки, инструменти, заклучоци и препораки кои се однесуваат на малцинствата, нивните јазици и медиумите. Книгата може да се нарача на: info@seemo.org.
Микро проектите на ЕИДХР во Македонија
Главната цел на програмата Микропроекти на ЕИДХР во Македонија е итно да одговори на барањата за финансиска поддршка за иницијативите кои се креирани за промоција и поддршка на човековите права, демократизација и јакнење на владеењето. Нејзини приоритети се: јакнење на граѓанските организации вклучени во застапување на правата на ранливите групи и промоција на соодветни меѓународни инструменти; подобрување на едукацијата, обуката, надгледувањето и јакнењето на свеста за човековите права и теми за демократизација. Краен рок за пријавување е 13.11.2006 година. Целосниот документ за упатствата за апликантите е достапен за консултација на следната адреса: Европска мисија во Скопје, „Маршал Тито” 12, 1000 Скопје; Тел.: (+389- 2) 3122 032, факс: (+389-2) 3126 213, е-пошта: delegation-fyrmacedonia@cec.eu.int.
извор: CNVOS
Нов билтен на Европската агенција за реконструкција
Во новиот билтен на Европската агенција за реконструкција имате можност, меѓу другото, да ги прочитате и текстовите:
Фокус на европската помош за Србија; Да & помогнеме на Црна Гора да им помогне на бегалците; Нови патишта за нови можности во рурално Косово и во Македонија; Обележувањето на кравите им носи резултати како на домашните земјоделци, така и на потрошувачите.
За повеќе информации, посетете ја страницата www.ear.europa.eu/publications/main/documents/EARnewsbulletinSeptember2006.pdf.
Европски проекти за надворешна помош и логична рамка
Велцомеуропе тренинг (Европски проекти за надворешна помош и логична рамка) е обука којашто од 16 до 17 ноември 2006 година ќе се одржи во Париз, наменета за акционери од јавниот, од приватниот и од непрофитниот сектор, со цел да се разбере функционирањето на новите надворешни програми на ЕУ за помош за периодот 2007-2013, да се научат европските партнерски проекти, да се разбере како да се пополни матрицата на логична рамка и апликацијата како дел од нова процедура и правилата за управување со проект за надворешна помош. Помеѓу другите теми, ќе се говори и за програмите за финансирање со надворешна соработка за Балканот и земјите кандидати. За повеќе информации, посетете ја www.nelcomeurope.com/default.asp?id=2210&idform=109.
З.В.
|