Србија

Загрижувачка атмосфера

По повод актуелната атмосфера во Србија во текот на процесот на промената на Уставот и решавањето на конечниот статус на Косово, Центарот за развој на граѓанското општество www.cdcs.org.cs ги повика органите на власта да применат законски и управни мерки, како и соодветни персонални промени против креаторите и дистрибутерите на антималцинско и антиалбанско расположение во Србија.

Центарот бара од политичките партии во својата пракса да ја почитуваат еднаквоста на граѓаните според законот, а меѓународните организации и невладините организации да го насочат своето внимание на положбата на малцинствата во Србија. Тој изрази „...сериозна загриженост по повод однесувањето на властите на Република Србија и контролираните јавни сервиси и служби од нивна страна” и предупредува на „...изразено ширење антиалбанско расположение во јавноста, диригирана мобилизација на јавното мислење на етнонационалистичка основа и раздвојување на граѓаните спрема нивната етничка припадност”. Центарот за развој на граѓанското општество со сериозна загриженост предупредува дека атмосферата во Србија постепено почнува да потсетува на онаа која непосредно му  претходеше на избивањето на граѓанската војна во поранешна Југославија. Се нагласува воочливото отсуство на свест за мож­ните последици од сегашното однесување на различни јавни личности по однос на положбата на националните и верските малцинства во Србија во наредните фази за решавањето на статусот на Косово.

Г.Ш. извор: онењорлд