Фондовите на Европската Унија (4)
Фондовите во Македонија и ЕУРОПЕАИД
Како се управува со фондовите на ЕУ за Македонија? Доделувањето и управувањето со фондовите на ЕУ за Македонија се одвива преку различни канали, во зависност од тоа дали тие се концентрирани или деконцентрирани. Концентрираното управување се однесува на фондови кои се управувани директно од Европската комисија во Брисел. ДГ одговорни за управување со односите со Македонија (во моментов ДГ Релекс, за време на претпристапувањето ДГ Проширување) се задолжени за развој на политика, стратегија и изготвување програми поврзани со помош, како на пример КАРДС. Канцеларијата на ЕуропеАид (ЕуропеАид) е одговорна за управување со проектниот циклус (види табела 1 подолу)
Табела 1: Поделба на одговорностите помеѓу ДГ Релекс и канцеларијата на ЕуропеАид
Извор: ЕУ Бондмд веб-сајт (хттп://њњњ.бонд.орг.ук/еу/ецаидструцтурес.хтмл)
За Македонија, фондовите на КАРДС наменети за царинскиот сектор во програмата ТЕМПУС, како и оние доделени преку регионалните програми на КАРДС и буџетната линија на ЕИДХР се централизирани во Европската комисија. Останатите делови од програмата КАРДС, како и помошта наменета за поддршка на имплементацијата на Рамковниот договор се доделуваат и управуваат од страна на Европската агенција за реконструкција во Македонија. Ова е таканареченото деконцентрирано управување со фондовите на ЕУ при што одлуките на ниво на изготвување програми с$ уште се третираат во ЕК во Брисел, додека пак самото управување со проектниот циклус се врши во Македонија, т.е. во земјите кориснички. Видот на управувањето со фондовите ја определува централната точка каде информациите во врска со можностите за финасирање се достапни, како и за соработката во имплементацијата на фондовите на ЕУ, како такви.
Што претставува Канцеларијата на ЕуропеАид? Канцеларијата за соработка на ЕуропеАид е тело на Европска комисија кое раководи со фондови како дел од надворешната помош на Комисијата. Мисијата на Канцеларијата е да ги имплементира инструментите за надворешна помош на Европската комисија кои се финансирани од страна на буџетот на Европската заедница и Европскиот фонд за развој. Таа не ги третира програмите за претприемна помош, ниту пак хуманитарните активности, макрофинансиската помош, Заедничката надворешна и безбедносна политика (ЗНБП) или Рапид риекшн фасилити (Рапид Реацтион Фацилитѕ).
Канцеларијата е одговорна за сите фази на проектниот циклус (идентификација и проценка на проекти и програми, подготовка на финансиски одлуки, имплементација на надгледување, оценка на проекти и програми), што обезбедува остварување на целите на програмите одредени од страна на ДГ Релекс и Дивелопмент (Девелопмент) и одобрени од страна на Комисијата. Оваа канцеларија исто така е одговорна и за Европската иницијатива за демократија и човекови права (ЕИДХР), основана во 1994 од страна на Европскиот парламент со цел да поврзе низа буџетски наслови кои третираат промоција на човековите права (за повеќе детали погледнете на хттп://еуропа.еу.инт/цомм/дгс/хуманитариан_аид/индеџ_ен.хтм).
Тања Хафнер соработничка на проекти за меѓународни програми во МЦМС
|