РЕСУРСИ
Излезе годишникот “Глобално граѓанско општество 2003”
Лондонската школа за економија и политички науки го лансира третиот волумен на својата годишна книга за граѓанското општество. Овогодишното издание ја опишува природата и историјата на глобалното граѓанско општество, и вклучува важни снимки и податоци, релевантни за развојот на граѓанското општество насекаде во светот. Значителен дел од оваа публикација е посветен на анализата на улогата на глобалното граѓанско општество, по прашања како што се глобална трговија, пролиферација на оружјето и развој на инфраструктурата, како на пример глобалната правна рамка и... на антиглобализацијата, селските и националистичките групи. Годишната книга е достапна на интернет и може да се симне од веб-порталот http://www.lse.ac.uk/depts/global/searbook/outline2003.htm.
Т.Х.
|