Европски волонтерски сервис
Младите во акција - Акција 2
Европскиот волонтерски сервис - ЕВС им дава можност на младите луѓе на возраст од 18 до 30 години да учествуваат индивидуално или во групи во волонтерски активности во странство за општо добро. Волонтерската служба се одвива во туѓа земја, во времетраење од 2 до 12 месеци (долгорочно) и е втората (Акција 2) од петте предвидени во рамките на програмата „Младите во акција”.
Учесниците мораат да бидат легални државјани во една од земјите од програмата или од партнерските земји: организации испраќачи/домаќини, граѓански организации од секаков вид, асоцијации, локални власти или која било друга непрофитна локална иницијатива, легално основана во земја која е дел од или партнер на програмата; координирачка организација (кандидат) - непрофитна организација или асоцијација, локално, регионално или национално тело кое организира настани од областа на млади, спорт или култура со статус на непрофитна или профитна меѓунардна владина организација. За крајните рокови за аплицирање, погледнете го водичот на програмата, а повеќе информации можат да се најдат на страницата на Еурдеск, .е-пошта: волунтеерсЖец.еуропа.еу, анд њебсите: ЕЦ ѕоутх програм Е-маил: еац- ѕоутхинацтионЖец.еуропа.еу.
Ш.З./В.Ќ.
|
|