Календар

1 декември

Заштита и права на заболените


Првиот декемвриски ден е посветен на борбата против една од најопасните болести на денешницата - СИДА-та. Вообичаено, граѓанските здруженија кои работат во областа на здравството и на човековите права, организираат активности кои се насочени и кон превентивна заштита, но и кон заштита на правата на заболените, кои често пати се осудуваат од заедницата. Ова е ден кога се организираат информативни и едукативни активности, трибини и слично.

 

3 декември

Еднаков третман на сите

Светскиот ден на лицата со хендикеп, или лицата со посебни потреби, е датум кога треба да се потсетиме на тоа дека на светот сите сме еднакви, без оглед на физичките или психи­чките попречености. Овој ден е посве­тен на акциите кои повикуваат на еднаков третман и на еднакви права за сите. Повик од овој вид во Македонија се слуша одамна, а во тек е кампањата со наслов “Никој не е совршен”.

 

Изложба во “Александар палас”

На денот на хендикепираните, здружението “Извор” организира изложба со продажен карактер на предмети изработени од хенди­кепирани лица. Овој настан ќе се случи од 10 до 18 часот, во скопскиот хотел “Алаксан­дар палас”.

3-4 декември

Унгарското искуство на евроинтеграција

Д-р Ендре Јухас, министер без портфолио во Владата на Унгарија, одговорен за релациите во Европа, ќе биде гостин на Делегацијата на Европската комисија во Скопје. Тој ќе оджи предавања во хотелот “Холидеј ин” во Скопје, на кои ќе го претстави унгарското искуство поврзано со процесот на интегра­ција во Европската Унија.

8-9 декември

Конференција за ромскиот јазик

На 8 и 9 декември, Ромскиот културен и едукативен центар “ДАРХИЈА” - Скопје организира конференција на темите: “Ром­скиот јазик-вчера, денес и утре” и “Моќта на перото на писателот” која ќе се одржи во Скопје, во хотел “Јадран”.

Иницијативата се реализира со поддршка на Фондацијата Институт отворено општество - Македонија и швајцарската културна фон­дација “Про хелветија” - Скопје.

10 декември

Права од секој вид, за сите

Десетти декември е посветен на заштитата на човековите права од секој вид, секаде во светот. За жал, дури и во третиот милениум, светот влегува со голем број на прекршувања и газења на основните човекови права: правото на слобода, на говор, на движење, на социјална еднаквост, на здрава животна средина, многу деца и жени се експлоатирани и немаат слобода на движење или на мисле­ње… Ова е ден на акција за почи­тување на сечие право, кој и да е и каде и да е. 

12 декември

Предавање за човековите права во ЕУ

Во организавија на Делегацијата на Европ­ската комисија во Скопје ќе се одржи предавање за системот за заштита на фунда­менталните човекови права што се применува во Европската Унија. Предавањето ќе го одржи Аристотелис Гаврилиадис од Гене­ралниот директорат Правда и внатрешни работи на ЕУ.

13 декември

Меморијална соба во Кривогаштани   

Организацијата на жените “Хоризонт” од Кривогаштани на свечен начин ќе ја отвори меморијалната соба во ова село, во која ќе биде претставено културното наследство на неговите жители - старите предмети, рако­творби и слично. Истовремено, ќе биде промовирана книгата која зборува за наслед­ството на овој крај. Овие активности се дел од проект во рамките на програмата “Живо наследство”.

29 декември

Биолошка разновидност за побогат свет

Кон крајот на секоја календарска година, човештвото се потсетува на убавината на биолошката различност на светот во кој живее, но, истовремено, и на опасноста од осиромашување на биодиверзитетот. Жи­вотинските и растителните видови исчез­нуваат, нивните природни живеалишта се деградираат и уништуваат. Еколозите на овој ден пре­дупредуваат дека биодиверзитетот не само што го прави светот поубав и побогат, туку многу видови се важни за опстанокот на еколошките системи.