РОМКИ - ЛИДЕРКИ

Јавно за табу-темите

Во организација на 13 студентки, кои се нарекуваат Ромки - лидерки, на 22 март во Скопје, организираше јавна трибина на тема: Младите Роми и традицијата. Фокусот на оваа трибина беше даден на младите девојки Ромки и нивното право на избор, поврзан со тредиционалните обичаи на “првата брачна ноќ”.
На трибината, учествуваше стручен тим(психолог, гинеколог, оџа и активистка за женски човекови права) со кои се разговараше за табу-темите како: химен и дефлорација; како првата брачна нок влијае на младите Роми; што вели исламот за тоа; дали Ромската традиција прекршува некои права…
Целта на оваа трибина беше јавно да се дискутира за овие теми, особено  помеѓу Ромите, како и да се промовира правото на избор, што му припаѓа на секој човек.


М.И.