ПО УБИСТВОТО НА АНАЛЕНА ТОНЕЛИ

Заминување на „Африканската Мајка Тереза“

 
Луѓето од Сомалија загубија многу со смртта на Аналена Тонели, често пати нарекувана „Мајка Тереза од Африка“.

Оваа 60-годишна Италијанка помина околу 30 години ра­ботејќи како волон­терка во заштитата и лекувањето на заболените од туберкулоза и СИДА, прво во Кенија, а потоа во Сомалија. Таа беше убиена неодамна, а нејзините штитеници и соработници не можат да го прежалат нејзиното заминување. Иако по про­фесија адвокат, таа стана еден од експер­тите во третманот на тубер­ку­ло­зата во Африка.

Аналена Тонели беше поз­ната и по тоа што ги одби­ваше сите признанија и статуси кои и се нудеа поради нејзината по­жрт­ву­­­­­вана волонтерска по­све­теност. „Јас не сум ништо особено“ - велеше таа. Но, за многумина таа беше исклу­чителна лич­ност.                     

  М.И.