Босна и Херцеговина

ЕУ & донира 900.000 евра на Комисијата за исчезнати лица

Амбасадорот Мајкл Хемфрис, шеф на Делегацијата на Европската комисија за БиХ и Гордон Бејкон, шеф на персоналот на Меѓународната комисија за исчезнати лица (ИЦМП) потпишаа договор кон средината на јануари во Сараево, вреден 900.000 евра. Со тој договор, ЕУ & донира 900.000 евра на Комисијата за исчезнати лица. Оваа донација има за цел да ја поддржи програмата за собирање крв за членовите на семејствата кои живеат во европските земји, вклучувајќи и маркетиншка кампања на поранешните југословенски простори, како и во земјите на Европската Унија каде што членовите на семејствата со исчезнати лица живеат сега.

 Г.Ш.