луѓе: Кочо Андоновски

НАШИТЕ НАЈГОЛЕМИ ПРОБЛЕМИ СЕ МЕНТАЛИТЕТОТ И ПРЕДРАСУДИТЕ

Професионално искуство: Copywriter и сценарист на повеќе advertising кампањи, сценарист на серијалот документарни видеа “Луѓе, време, љубов” Арт медија, сценарист и режисер на кампањата “Одблиску” на ОБСЕ и МВР за приближување на полицијата до граѓаните, промоција на “Полицијата на заедницата” и др.

Ангажирање во граѓански сектор: Еден од основачите на Арт медиа, претседател на македонската асоцијација за слободна сексуална ориентација – МАССО.

Хоби и интереси: Пишување и фотографија/видео.

Најтешка одлука: Отворање пред семејството за мојот интимен живот, да признаам дека сум геј.

Амбиции: Да го создадам тоа што е засега само внатре.

Во слободното време чита: Различен вид литература, во мометов се воодушевувам од јапонецот Харуки Мураками и неговата “Спутник љубов”.

Каде оди во слободното време: Најчесто во ресторанчиња, на кафе низ кафулиња, сакам и добра хоусе или транце-журка.

Кој национален/локален проблем го смета за особено важен и зошто: Менталитетот и предрасудите се најважни проблеми кај нас. Менталитетот н$  прави нетолерантни за различностите со кои неизбежно живееме. Кога се правиме дека ги при­фа­ќаме, забораваме дека не е поентата да ги прифатиме само тие што нам ни се “при­фатливи”.

Предрасудите дека работиме како што треба, ама ете немаме пари, па затоа е ва­ка. Немаме стандард, не­маме стандарди во ништо, затоа што не работиме ка­ко што треба, а и за да можеме да продолжиме така. Ние сме нација која сака да ги избегне “ако се може” одговорноста и работата. Тоа н$ прави тесногради и н$ одвлекува од вистинските вредности. Работиме половично и с$ останува половично во нашите животи.

Кој глобален проблем го смета за особено важен и зошто:  Филозофијата на беспомошни и спасители. Филозофија потребна на агресивното/материјално општество за да освојува/оп­ста­не, непочитувајќи ги стандардите за кои декларативно се за­лага.

Што би променил/а во Македонија и во светот: Секој да го исполни тоа што го ветил, би било доволно светот да стане подносливо место за живеење.

Совет/порака: Одлучив да живеам!

Никогаш не би можел/а: Да кажам никогаш.