Босна и Херцеговина

Истражување за улогата на НВО во предизборниот период

Во втората половина на ноември, 2006 година, Агенцијата за локални развојни иницијативи, поради потребата од идентификација на перцепцијата на граѓаните за активностите на граѓанското општество во процесот на креирање на јавните политики, спроведе истражување на јавното мислење за „Резултатите на активностите на граѓанските движења формирани во претходниот период од перспективата на граѓаните”.

Основниот заклучок е дека мнозинството граѓани на БиХ сметаат дека НВО имаат капацитет да покренат активности, што може да решат клучни локални проблеми со кои граѓаните секојдневно се соочуваат.

Спроведеното истражување е продолжение на систематското истражување кое го спроведува АЛДИ, за да ги идентификува можностите за развој на улогата на невладините организации во процесот на креирање на јавните политики. Во овој сегмент на истражувањето, кое е спроведено во ноември 2006 година, се настојуваше да се утврди перцепцијата на граѓаните за улогата на НВО во предизборниот период, расположението на граѓаните за соработка со невладините организации видено од перспектива на граѓаните.