Центар за граѓанска иницијатива
Грантови за видливи ефекти
Граѓанските организации од регионот на Прилеп, Битола, Крушево, Кривогаштани и Долнени с$ уште можат да конкурираат за грантовите што ќе ги додели Центарот за граѓанска иницијатива со средства од Институтот за трајни заедници. Дваесетина грантови ќе им бидат доделени на околу 40 граѓански организации во две фази. ЦГИ ќе ги селектира и поддржи иницијативите со коишто може да се постигнат конкретни и видливи ефекти во средината, во следните области: образование, здравство, социјални услуги, економски развој, екологија и развој на руралните средини.
Конкурсот трае до 13 октомври. Повеќе информации ќе добиете во ЦГИ, секој ден од 13 до 16 часот, или на www.cgimk.org.mk.
|
|