Повик за номинации за наградата за меЃународен развој “Крал Бодуен”
Истакнување на борците за подобар живот
Наградата за меѓународен развој “Крал Бодуен”, упатува повик за номинирање кандидати за 2004-2005 година. Таа им се доделува на секои две години, на поединци или организации за одржливи достигнувања, за подобрување на животот на луѓето во земјите во развој.
Дизајнирана за да ја подигне свеста на оние кои ги донесуваат одлуките и на пошироката јавност, по прашања што го заслужуваат нејзиното внимание, наградата е воспоставена од 1980 година, а нејзината финансиска вредност изнесува 150.000 евра.
Досегашни добитници се поединци и организации од разни полиња на делување, вклучувајќи микрокредитирање, ХИВ/СИДА, земјишни реформи, човекови права и сертификати на “fair trade products”.
Повикот за номинациите е отворен до 1 февруари 2004. За повеќе информации во врска со поднесувањето на биографиите на кандидатите, посетете ја веб-страницата њњњ.кбпризе.орг, а контактот можете да го остварите и преку info@kbprize.org, или пак на тел. +32 2 549 0273.
Во повикот е нагласено дека, пријавите од индивидуални лица кои самите конкурираат за наградата или како кандидати ја наведуваат организацијата во која активно членуваат, нема да се земат предвид. Наградата за меѓународен развој “Крал Бодуен” ќе биде доделена на почетокот на 2005 година, во Кралската палата во Брисел.
Г.Ш.
|