ИНТЕЛЕКТ АКЦИЈА - ПРОБИШТИП

Водич за парламентарните избори

Здружението „Интелект акција” од Пробиштип издаде Водич за парламентарните избори 2002, под мотото „Моќта е во народот”. Водичот е наменет на сите гласачи, а има за цел да ги запознае со изборниот процес, законските одредби, принципите на изборната кампања, органите за спроведување на изборите, начинот на спроведување на гласањето, правата што секој граѓанин ги има како гласач и друго. Проектот е поддржан од ФИООМ.