Хрватска

Во сиромаштија живеат 43 % од децата

Испитувањето на здравственото однесување кај училишните деца откри дека 43% од децата во Хрватска живеат во семејства со сиромашен имотен статус, 43% со среден статус, додека само 14% од нив живеат во релативно богати семејства. Ова испитување ја сместува Хрватска меѓу ниско рангираните на листата на 35 земји во кои беше извршено испитувањето. Дополнителните анализи покажаа дека децата во Хрватска поминуваат голем дел од нивното време во учење и други училишни активности (пишување домашна), 25% од момчињата и 23% од девојчињата пушат барем една цигара во неделата, 14% од девојчињата и 19% од момчињата пробале марихуана, а едно од четири момчиња, односно едно од пет девојчиња биле изложени на насилство во последните неколку месеци. 23% од момчињата и десет проценти од девојчињата пријавиле сексуално искуство пред петнаесеттата година. Испитувањата вршени во 2001 и 2002 година вклучуваа деца на возраст од 11, 13 и 15 години.                                                                                               

Т.Х.