Борба против организираниот криминал

Право според стандардите на ЕУ

 
Во организација на Фондацијата Институт отворено општество – Македонија (ФИООМ) и Министерството за внатрешни работи на Република Македонија, на 16 декември 2006 година, се одржа работна средба на која беше разгледан ажурираниот нацрт-материјал од Националната програма за усвојување на правото на ЕУ за поглавјето 24 – Правда, слобода и безбедност.

На средбата беа презентирани новите одредби во законите кои се во согласност со европското законодавство, измените на институционален план, како и преостанатите обврски кои ќе се реализираат на краткорочен (до крајот на 2007) и среднорочен план (2008-2010) за имплементација на соодветниот закон за спроведување на стандардите на ЕУ во областа на надворешните граници, визната политика, надворешната миграција и азилот.

М.И.