МАКЕДОНСКО-ИТАЛИЈАНСКИ СОВЕТ ЗА СОЛИДАРНОСТ 

Едукација на гласачите во Шуто Оризари

Во издание на Македонско-италијанскиот совет за солидарност испечатена е уште една брошура која има за цел информирање за гласачките права, овој пат наменета за потесна целна група - граѓаните од скопската населба Шуто Оризари, со претежно ромско население.

Брошурата е бесплатна и ги дава сите потребни информации за гласачкиот процес. Брошурата е финансиски поддржана од Институтот за трајни заедници - ИТЗ од Вермонт, САД и УСАИД.