ГРНЧАР – ВРАНЕШТИЦА
Он-лине понуда на грнчарски производи
Грнчарите од село Вранештица, Кичевско, организираа здружение на граѓани, кое се вика “Грнчар”, со цел заедно да работат на промоција, зачувување и осовременување на оваа древна вештина. Поддржани со програмата “Живо неследство” на Фондацијата Крал Бодуен од Белгија и Фондацијата Институт отворено општество – Македонија, тие изготвија веб-страница, њњњ.вранестица-грнцар.орг, на која е претставено грчарството од овој крај. На страницата има линк за секој грнчар и за производите кои ги нуди.
ТЕМПЛУМ
Случаи
Во рамките на својата едиција Магма, Темплум ја издаде книгара “Случаи” од Данил Иванович Хармс. Хармс е еден од исклучителните автори на руската авангарда од првата половина на 20-от век и еден од најголемите мајстори на “црниот” хумор. За жал, кај нас е малку преведуван. Книгата “Случаи” е исклучително дело, преполно со блескав хумор.
СЕКТОР ЗА ЕВРОПСКА ИНТЕГРАЦИЈА
Информации на веб-страница
На веб-страницата на секторот за европска интеграција на владата на Република Македонија, можат да се најдат информации за активностите и мерките кои нашата држава ги спроведува во врска со овој процес. На веб-страницата њњњ.сеи.гов.мк може да се прочита за поддршката на процесот на евроинтеграција, за институционалната надградба, за приближувањето кон европското законодавство, за Рамковниот договор и повеќе други информации.
|