ПРОШИРУВАЊЕ НА ХОРИЗОНТИТЕ

Граѓанско новинарство 

Од 28 до 30 јуни годинава, во Мастрихт, Холандија, се одржа работилница под наслов “Новинарство и граѓанство: Проширување на хоризонтите”. Работилницата ја организира Европскиот центар за новинарство, а нејзината цел е да ги истражи можностите за развој на таканареченото “граѓанско новинарство” и да го воведе како практика. На работилницата беа претставени и одредени искуства во спроведувањето на овој специфичен вид новинарство. Се дискутираше за тоа како да се поставуваат прашања и како да се известува за јавните проблеми.

Терминот јавно или граѓанско новинарство е промовиран главно во САД, Јапонија и Европа, а ги истражува новите пристапи кон прашањата како политиката, изборите, животот во заедниците и други, на кои во повеќето медиуми во светот не им се пристапува од гледна точка на јавноста, туку од гледна точка на политичарите, политичките партии или власта.

М.И.