Босна и Херцеговина

Обсерваторум за заштита на правата на малолетниците

Проектот “Обсерваторум за промоција и заштита на правата на малолетниците” се реализира со цел да ги промовира и заштити правата на малолетниците во Босна и Херцеговина, преку воспоставување структура на Обсерваторум на малолетници на ниво на целата држава.

Специфичната цел на проектот е остварување детална и јасна слика за статусот на малолетниците во БиХ, со посебен осврт на Конвенцијата на ОН за правата на детето, како и промоција на социјалната политика за оваа категорија. Проектот е поддржан од Министерството за човекови права и бегалци на БиХ, а ќе го реализира организацијата “Пријатели на децата” во соработка со локалниот партнер  здружението на Црвен крст на БиХ.

  Г.Ш.