Повик од Британската амбасада
Грантови за проекти од областа на животната средина
Британската амабасада упати повик за поднесување на предлог-проекти од областа на животната средина во рамките на проектот ДЕФРА. За земјите кандидати за членство во ЕУ, главниот фокус треба биде насочен кон градење на капацитети на централните и локалните власти.
Во рамки на програмата ДЕФРА се поддржуваат и следните активности:
Поддршка на итни еколошки акции;
Промоции на одржлив менаџмент и користење на природните ресурси;
Заштита на јавниот интерес од аспект на еколошките влијанија и здравјето;
Заштитата и унапредување на животната средина;
Подигање на јавната свест и промоција на размена на информации од сферата на животната средина;
Вклучување на јавноста во процесот на донесување одлуки.
Грантовите се во висина од 5.000 до 15. 000 фунти. Краен рок за аплицирање е 29 септември 2006 година. Апликациите се достапни на: http://www.defra.gov.uk/corporate/regulat/forms/envprot/pece/pece3.htm
К.Б.
|
|