Европската комисија



Усвоена работна програма за противпешадиски мини



Европската комисија на 21 октомври ја усвои програмата за противпешадиски мини за 2003 година, со буџет од 18.150.000 евра. Програмата се фокусира на Авганистан, Ангола, Ерменија, Азербејџан, Камбоџа, Бурма, Шри Ланка и Судан, со цел да им помогне на земјите кои страдаат од последиците на противпешадиските мини, во создавање напотребните услови за економски и социјален развој.
Од вкупната достапна сума 4,6 милиони евра се алоцирани за кофинансирање на операциите во Шри Ланка, Лаос, Демократска Република Конго и Гвинеа Бисао.    

Г.Ш.