Прекуокеански институт за развој
Успешната комуникација - алатка за истражувачите и граѓанските организации

Успешната комуникација како развиена алатка за подобра комуникација на доказите на полето на меѓународниот развој вклучува 23 алатки, поделени во неколку категории: планирање, пакување, цели и мониторинг. Алатката се однесува на начинот на којшто истражувачите и граѓанските организации можат најдобро да комуницираат за доказите со цел да се информираат или да влијаат на политиката, да ги остварат своите зацртани развојни цели, или едноставно да го направат сопственото знаење достапно и разбирливо за пошироката јавност. За повеќе информации, посетете ја страницата www.dev-zone.org/cgi-bin/knowledge/jump.cgi?ID=10038.   

З.В.


Save the Children
Недостиг на едукација за 43 милиони деца

Повеќе од 43 милиони деца кои живеат во земји запуштени од војни и вооружен конфликт немаат  можност да посетуваат училиште, стои во најновата информација публикувана во извештај на Спасете ги децата (Save the Children).  

Тој  е дел од петгодишната кампања  на организацијата за образование, која се одвива под наслов „Препишете ја иднината”. Со неа се бара помош за милиони деца во области загрозени од конфликт за добивање право за воведување на сегашните и на идните бенефиции за квалитетно образование.

Кампањата во септември ја започнаа над 40 земји, а меѓу нејзините интернационални донатори се и архибискупот Десмонд Туту и потсекретарот одговорен за хуманитарни односи и итна помош во ОН, Јан Егеланд.

Во наредните пет години, “Спасете ги децата” ќе работи на осигурување 3 милиони деца без образование во загрозените конфликтни подрачја за да го добијат потребното образование до 2010 година, но и на подигнување на квалитетот на образованието кај други 5 милиони деца. Организацијата спроведува програми за подобрување на  можностите за образование на децата, помагајќи во градење училишта, во обука на учители и во снабдување со неопходни училишни материјали. 


Ројтерс ИУЦН
Награди Енвиронментал Медиа

Ројтерс – ИУЦН Награди Медија е водечка сила во  новинарството во чиј фокус на интерес е животната средина и одржливиот развој, како и мотивирањето за  дијалог  меѓу новинарите и експертите за оформување информативен извештај  заснован на звучни научни податоци. Наградите се отворени за новинари од печатените медиуми и од сервисот на вести  на интернет. Новинарите се поканети да се пријавуваат во врска со животната средина и одржливиот развој.

Светскиот победник, избран од шест регионални победници, ќе добие   награда во висина од 5.000 американски долари. Шесте регионални победници добиваат трофеј и награда за патување за учество на светската наградна церемонија, која ќе се одржи  на крајот од 2006. Повеќе информации на  www.foundation.reuters.com.