ЦИРА

Тригодишен јубилеј

На 25 септември 2006 година, ЦИРа – Центарот за институционален развој, го прослави својот трети роденден. Роденденот беше одбележан работно, со предавање за предпристапните фондови на ЕУ, кое го одржа претседателот на Управниот одбор на организацијата, г. Нафи Сарачини.

ЦИРа настана како иницијатива на локалните лица вработени во скопската канцеларија на Институтот за трајни заедници од САД, по неговото заминување од Македонија.

ЦИРа работи на остварување на две цели: зајакнување на граѓанското општество во Македонија, како и на јакнење на капацитетите на локалните заедници во насока на постигнување конкретни промени. Начините со кои оваа организација ги постигнува своите цели се зајакнување на капацитетите, промовирање на јавното учество и мобилизација на локалните ресурси заради решавање на локалните проблеми на ниво на заедниците.

Во спроведувањето на своите активности, ЦИРа се раководи од принципите на скроени програми според потребите на невладините организации и локалните заедници; иновативност; партиципативност и ориентираност кон резултати.

Во текот на изминатите три години, спроведе низа проекти и програми, а поновите меѓу нив опфаќаат Тренинг за тренери на темата “Финансиска остварливост”, поддржан од УСАИД и проектот “НВО ја користат информатичката технологија за подобрување на влијанието во нивните заедници”, поддржан од фондацијата Е-Македонија. Неодамна, ЦИРа потпиша договор за проектот Цоммунитѕ Форум Програм. 

Повеќе за активностите на ЦИРа може да се дознае од нивната веб-страница њњњ.цира.орг.мк, како и од информациите од вработените во канцеларијата на ул. “Диме Аницин” бр. 9 во Скопје.

М.И.