Проект на Асоцијацијата за демократски иницијативи
“Мониторинг на процесот на децентрализација”
Асоцијацијата за демократски иницијативи - АДИ од Гостивар, во текот на август го заврши проектот “Мониторинг на процесот на децентрализација” чија имплементација траеше една година.
За ефикасно мониторирање на процесот на децентрализација биле задолжени 4-те мониторинг центри за човекови права основани од страна на АДИ во Прилеп, Тетово, Гостивар и Охрид и двата поддржувачки центри во Битола и Струга. Центрите ги собирале информациите од локалната самоуправа, јавните институции и подрачните министерства поврзани со трансферота на надлежностите од централно на локално ниво, правејќи паралела помеѓу промените што се предвидени во законите за децентрализација, произлезени од Рамковниот договор и нивната практична имплементација. Во рамките на проектот се изработени 12 извештаи на различни теми: транспарентноста во локалната самоуправа; административните капацитети и фискалните ресурси во општините; примената на двојазичните документи; одвивањето на референдумот; центарот за информирање на граѓаните во рамките на општината; економскиот развој; инфраструктурата; месното самоуправување; децентрализацијата во образовните институции; децентрализацијата на културата; трансфер на надлежностите од централната, на локалната власт.
Во текот на април и мај се одржани јавни дебати во мониторираните градови Прилеп, Тетово, Гостивар и Охрид, на кои граѓаните имале можност одблизу да се запознаат со проектот и со обработуваните теми. Подетални информации на њњњ.ади. орг.мк К.Б.
|
|