Србија
Помош за ромските средношколци
Извршното собрание на Војводина издвои 2,1 милион динари за стипендирање на 355 средношколци од ромска националност во покраината, кои ќе добиваат по 48 евра месечно. Собранието исто така обезбеди надомест за работа за 98 ментори, избрани да помагаат и го усмеруваат школувањето на стипендираните ученици од ромска националност. Во оваа учебна година во прво одделение во основните училипта се запишани вкупно 19.230 ученици или 4,9 отсто повеќе од минатата година. Во Војводина во оваа учебна година наставата на унгарски јазик во првото одделение во основните училишта ја следат 1.856, на словачки 390 Словаци, на романски 147 Романци, на руски 59 Руси и на хрватски јазик 33 ученици. Во војводинските средни училишта оваа година се запишани вкупно 21.043 ученици или 89 отсто од планираниот број места.
Покраинската влада го задолжи ресорниот секретаријат идната учебна година, по повод планирањето на уписите на средношколците, образовниот профил да биде во склад со потребите на локалната заедница, пазарот на работа и стратегијата за развој на Војводина.
Г.Ш.
Извор: онењорлд
|
|