Габриела Спирковска
Уживај го моментот
Професионално искуство
Програм-менаџер во Македонскиот центар за женски права.
Ангажирање во граѓанскиот сектор
Во 2003 г. беа моите почетоци во граѓанскиот сектор. Таа година започнав да работам како правник во прифатилиштето за жени и деца жртви на семејно насилство, со што се остварија и моите верувања дека професијата правник има и хумана димензија доколку се насочи кон помагање на оние на кои правната помош им е навистина потребна.
Хоби и интереси
Слушање музика, гледање филмови, читање, прошетки со моите две најслатки кутриња на светот, Сара и Дина...
Најтешка одлука
Секоја одлука може да биде тешка во одредена ситуација, посебно ако се однесува на нешто што ни е посебно важно, а што може во голема мера да предизвика промени во нашите животи.
Амбиции
Стручно усовршување, постдипломски студии, а можеби и повеќе...
Во слободното време чита
Секојдневно читам, иако во последно време тоа најчесто се весници и списанија, а некако најтешко наоѓам време за добра книга. Последната книга која сум ја прочитала беше „Вкрстени коски” од Кети Рајкс.
Каде оди во слободното време
Слободното време најчесто го поминувам со моите пријатели, а одиме на места каде се чувствуваме пријатно. Најчесто тоа е некое ресторанче каде што можеме да се изнамуабетиме за с$ и сешто...
За време на викендите
Викендите начесто ги користам за полнење на батериите, а тоа најдобро го правам во кругот на моето семејство.
Кој национален/локален проблем го смета за особено важен и зошто?
Јас би рекла дека има повеќе: владеењето на правото, социјалната негрижа, постојаните кршења на човековите права. Сите овие проблеми прават нашите граѓани да се чувствуваат некомотно во сопствената држава.
Кој глобален проблем го смета за особено важен и зошто?
Постоењето на екстремно богати и екстремно сиромашни држави во светот и настојувањата на вторите да ја наметнат својата волја врз другите држави. Таа ситуација доведува до војни, прекројување на граници и што уште не...
Што би променил/а во Македонија и во светот?
Кога би можела (иако знам дека не можам), би го сменила менталитетот на нашите луѓе. Да почнеме да се сакаме и почитуваме меѓу себе, да научиме повеќе да се смееме, да си ги смениме лошите навики и да се насочиме само кон убави нешта...
Совет/порака
Уживај го моментот, затоа што секој момент е неповторлив, а сите тие моменти заедно го прават животот!!!
Никогаш не би можел/а
Дефинитивно никогаш не би можела без моите родители!!
|
|