ОХО И РЕМОНТ

Мојот Парламент

Здружението ОХО и мрежата РЕМОНТ (која ја сочинуваат ОХО, Младинска алијанса - Тетово, Асоцијација за отворени кому­никации - Битола, ЕД „Планетум“ - Струмица, Млади европски федералисти - Велес и Организацијата на жени од Куманово), го спроведуваат проектот „Мојот парламент“, во чии рамки ја подготвија веб-страницата www.mojotparlament.org,mk

На оваа веб-страница е претставен проектот со неговите цели и активности (медиумска кампања, јавни дебати, посети на Собранието на Република Македонија и други). Во рамките на овој проект, испечатени се и картички, со пораката „Внимавајте, јас прашувам!“ и повикот „Пишете му на својот пратеник“, на чија задна, празната страница, е отпечатено „Сакам да Ви го кажам следното“ со празен простор на кој граѓаните треба да му се обратат на пратеникот, како и адресата на Собранието на Република Македонија.