Глоблано затоплување

САД може и да заштеди ако не испушта јаглерод диоксид

САД со години се спротивставуваат на задол­жителните намалувања во испуштањето јаглерод диоксид заради согледаните трошоци врз наци­оналното стопанство. Нојновите пода­тоциот сугерираат дека значителното намалу­вање на испуштањето јаглерод диоксид во САД би чинело многу помалку од предвидените трилиони долари. Меккинзи&Ко. (МцКинсеѕ&Цо.), приватна консултантска фирма, предвидува дека значителното намалување на емисиите може да го чини стопанството само неколку милијарди долари и дека најмалку 40 проценти од намалувањата всушност ќе доведат до економска заштеда.  Делегатите на Конференцијата на ОН за климатски промени на Бали вложуваат напори да изградат протокол (пост)Кјото, рамка за намалување на испуштањето јаглерод диоксид низ светот, но се соочија со отпор од страна на некои од најголемите светски емитери, Кина, Индија и САД. Овие земји се загрижени дека нивните економии ќе се влошат од наметнатите редукции.