Албанија

Движењето “ДОСТА”, започнува нова кампања

Јавното образование во Албанија има потреба за активен придонес на сите Албанци во движењето “Доста”  кое ќе започне кампања, со цел лобирање во Парламентот за зголемување на процентот на средства за образованието во државниот буџет. Процентот на еманципација на едно општество се оценува со грижата што се посветува за едукација на нејзините членови.

Во петицијата испратена до албанското Собрание се вели дека граѓаните на Албанија секогаш биле подготвени да се жртвуваат за образованието, но дека, за жал, тие што креираат политики не се подготвени за такво нешто.

Буџетот што законодавците го издвојуваат за една година во образованието е околу 2,9 отсто на БДП на земјата. Просекот на земјите со месечни примања, каде што спаѓа и Албанија, е 4,8 отсто БДП, додека предложениот буџет на Владата за образованието за 2005 година е 2,6 отсто на БДП.

Движењето “ДОСТА” се стреми преку кампањата да ја подигне свеста на граѓаните за таксите што ги плаќаат да одат таму каде што постои најголема потреба. Со иницијативата, “ДОСТА” се бара да се види дека образованието реално е предноста на земјата и не треба да остане само на декларативно ниво на Владата.                             

                                    
Г.Ш.