Промоција

Нова брошура во борба против оружјето

Општината Ѓорче Петров ја промовира брошурата “Кажи не на оружјето, кажи не на малолетничката деликвенција, кажи да за побезбедна и сигурна општина”, која произлезе од реализацијата на истоимениот проект. Брошурата е дел од активностите коишто Општината во соработка со невладината организација Мултико ги презеде во насока на обезбедување посигурна и побезбедна околина. Проектот е финансиран од Канцеларијата на УНДП во рамките на преоктот „Партнерство за безбедни заедници”.

Брошурата содржи информации за текот на проектот, особено за шест клучни активности: анкетирање на населението, предавања во основните и во средните училишта, работилници, трибини, како и за тркалезни маси. Во неа се лоцирани и најголемите безбедносни проблеми на општината, како и алтернативните решенија.  Според Алаин Лапон, менаџер на проектот „Партнерството за безбедност на општините, во рамките на планирањето на заедницата”, планот за побезбедни заедници е стратешки приоритет за градење поздрава, економски попривлечна и пожива заедница.

С. Н.