ЕКОЛОШКО ДРУШТВО “КАЈМАКЧАЛАН” – СТАРАВИНА
 

Промоција на природните и на културните вредности на Мариово
 

Еколошкото друштво “Кајмакчалан” од село Старавина е едно од ретките субјекти кои се обидуваат да го за­живеат “заборавениот” но прекрасен регион Мариово.

Друштвото е формирано во 1997 година и има 43 членови. Следејќи го познатиот принцип на светското еколошко движење, „Мисли глобално, делувај ло­кално“, друш­твото покрена по­веќе ини­ција­тиви за заштита на животната средина во општина Старавина, водено од визијата за одржлив развој на мариовскиот крај. 
Друштвото остварило повеќе активности – постојано контакт­ирање и разговарање со ЈП Маке­донски шуми, подрачна еди­ница „Кајмакчалан“ од Битола за план­ско сечење на големото шумско богатство и поголема заштита и контрола од дивите сечачи; спро­ведена е акција за пошу­мување на некои голини во општина Старавина, а двапати се реали­зирани акции за чистење и средување на Градешка Река (еден од најважните и најубавите природни ресурси во регионот) од надојдените бурни води. Во соработка со локалната самоуправа, друш­твото се залага за заштита на флората и фауната.

Во моментов, во тек е кампањата за за­познавање на месното население со стан­дардите за производство на еколошки здрава храна, која се остварува во соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Неодамна (во јуни го­динава), друштвото „Кајмакчалан“ спроведе една мошне интересна иницијатива – орга­низира детски камп „Итар Пејо“, чија цел беше преку децата, нивните наставници и родителите, на јавноста да & ја пренесе пораката дека Мариово е регион кој има многу што да понуди, дека има богато културно и природно наследство и дека претставува неоткриена оаза на мир, убавина и спокојство. Пораката, се чини, беше успешно пренесена, предизвикувајќи голем интерес кај медиумите, а децата кои учес­твуваа на кампот, восхитени од луѓето и природата во Мариово, ветија дека повторно ќе дојдат тука. Проектот „Детски камп Итар Пејо“ е поддржан од Фондацијата Институт отворено општество – Македонија и Фон­дацијата Крал Бодуен од Бел­гија, во рамките на програмата „Живо наследство“.

Своите програмски определби друш­твото ги остварува врз вредности на зачу­вување на биолошката рам­нотежа и на заштитата и уна­пре­дувањето на животната средина, зачувувуање на нејзината рам­нотежа, а со тоа и нормализирање на нарушениот однос човек-при­рода. Покрај овие, цели на „Кајмак­чалан“ се: еко­номски и севкупен општествен развој  на Република Македонија примерен на совре­мените светски еколошки барања и стандарди; истражување и примена на алте­рнативни технологии и енер­гија; рацио­нално трошење на нео­бно­вливите извори - суровини енергија и потрошни добра и други. За нивно оства­рување, друш­твото е отворено за соработка, а оние кои се заинтересирани за тоа, можат да се обратат до претседателот на ЕД „Кајмакчалан“, Менде Трај­ковски, на елек­тронската адреса: mendesn@freemail.com.mk.

 
М.Иванова