Европска Унија

ЕУ критикувана за заштитата на човековите права

Во својот годишен извештај објавен на 13 јануари, набљудувачите на човековите права објавиле дека Европската Унија и нејзините земји-членки ја намалуваат заштитата на човековите права во миграциската политика и во законот за антитероризам. Европските влади и институции не се дораснати на предизвикот донесен во посткомунистичките земји со проширувањето, вели една од водечките глобални организации за човекови права.

“Ексклузивниот поглед на борбата против нелегалната имиграција во Европа одразува еден вознемирувачки и актуелен став дека мигрантите немаат права. Според тоа, регионалните и државните политики и практики се фокусираат на чување на мигрантите и азилантите надвор од Европа”, вели извештајот. Според американската организација, европските актери исто така “ја пропуштиле можноста да ја разграничат европската практика од навредливите акции на други земји со вклучување стратегии против тероризмот што исто така ги нарушуваат основните права, вклучувајќи ги забраните за мачење и неопределен притвор”. (ЕУ Обзервер)                

 Т.Х.

Мирис

Билтен за малцинските права

Системот на информирање МИРИС нуди поинтензивно информирање за малцинските права во Бугарија, во Босна и Херцеговина, во Кипар, во Македонија, во Романија и во Србија и Црна Гора. Информативниот билтен на МИРИС може да се најде на њњњ.еурац.еду/мирис.

МИРИС е информативен систем основан од ЕУРАЦ – Европ­ска­та академија од Болзано, Италија. Целта е да создаде база на по­датоци и да промовира стандарди за малцинските права, преку овозможување лесно достапни информации од оваа област. Информациите се обезбедуваат не само од академски и експертски извори, туку и од гра­ѓански организации, претставници на малцинствата, сту­ден­ти, независни истра­жувачи и сите други заинте­ре­сирани.

М.И.



Здружение “Македонска мисла” од Прага

Македонска промоција во Чешка

Здружението “Македонска мисла” со седиште во Прага ги обединува македонските граѓани кои живеат во Чешка. Здружението издава мошне интересна веб-страница, на чешки, на македонски и на англиски јазик, проследена со традиционална македонска музика. На њњњ.волнѕ.цз/македонија можат да се најдат информации за македонските посетители во Чешка (документи, виза), мал чешко-македонски речник, како и податоци за нашата држава, со мапа и фотографии. На страницата е отворена и книга на жалост по загинувањето на претседателот Борис Трајковски и неговите придружници.

М.И