Меѓународна комисија за Балканот
Повик за нов договор Извештајот на Меѓународната комисија за Балканот ја повикува ЕУ да го забрза процесот на пристапување за балканските земји со цел да се овозможи политичка и економска стабилност во Европа. Комисијата заклучува дека е неопходен нов договор помеѓу земјите од Балканот и ЕУ со цел да се задржи меѓународната сигурност. Извештајот нуди преглед на рамковни договори, процеси и практики „бенчмаркинг”. За повеќе информации: http://www.cgo.cg.yu/en/eic/publications/The Балканс ин Еуропе'с Футуре.пдф.
ВУКОВАР Програма за постконфликтни студии
Програмата за постконфликтни студии за 2007 година на Коалицијата за работа со психотраума и мир, Вуковар, вклучува 2 вида курсеви - Летна програма за постконфликтни студии и Воведен курс во постконфликтни студии.
Општата цел на курсевите се студентот да добие општа претстава за практичните аспекти на постконфликтните области и да истражува во детали, а за време на воведниот курс, учесниците ќе реализираат и специјализација. За време на одржувањето на сите курсеви, учесниците ќе реализираат истражувачки проекти и ќе предаваат на својата тема. Цената е 2900 ЕУР/3775 $ за Летната програма и 4979 ЕУР/6461 $ за Воведниот курс.
Стипендии се достапни за учесници од Хрватска, од Србија, од Црна Гора, од Босна и Херцеговина, од Македонија и од други постконфликтни области, а се однесуваат само на трошоците за курсот и не ги покриваат трошоците за транспорт и друго. Информации за сите програми на www.cwwpp.org/Studs.htm или http://groups.sahoo.com/group/Roma_ex_Yugoslavia/messare/1249.
З.В.
САД
Нови лидери преку меѓународни стипендии
Програмата „Нови лидери преку меѓународни стипендии” на Центарот за филантропија и граѓанско општество и на Центарот за додипломски студии - Универзитетски град во Њујорк, обезбедува обука за лидерство преку практично истражување и професионално менторство за млади научници истражувачи од непрофитниот центар.
Истражувачката тема за апликантите за пролетната програма, вклучително и програмата „Диверситѕ Феллоњсхип”, е фондации во заедниците. Лимитиран број стипендии за истражување на филантропијата во дијаспората или општествената филантропија исто така се достапни за апликанти кои живеат надвор од САД, а во предвид се земаат само предлози за истражување кои се однесуваат на фондации во заедниците, филантропија во дијаспората или општествена филантропија. За детали во однос на програмата, квалификациите и упатствата за аплицирање, посетете ја електронската адреса на Центарот њњњ.пхилантхропѕ.орг и кликнете на „Интернатионал Феллоњс Програм”.
|
|