Хрватска

Поедноставен пристап до информациите за граѓанското општество ЕУ

Националната фондација за развој на граѓанското општество ги објави веб-страниците www.zaklada.civilnodrustvo.hr и www.zaklada.civilnodrustvo.hr/medjunarodna_suradnja_civilno_i_EU.php, на кои можат да се најдат информации за новите случувања во ЕУ, важни за организациите што се занимавааат со граѓанско општество. Информациите  на хрватската јавност треба да & овозможат брз и едноставен пристап до изворите на информации во ЕУ, нејзините институции, активностите и политиките, правната рамка, документите и публикациите, како и до програмите и постапките за донесување одлуки, а во светлото на интересот на организациите од граѓанското општество.

Националната фондација овој проект го започна во склоп на пошироката програма на информирање и еду­ци­рање за ЕУ, која се спроведува во соработка со партнерската организација ЕЦАС www.ecas.org, од Брисел, а во Хрватска се остварува во соработка со порталот Ентер Еуропе www.entereurope.hr, кој го води Европскиот документациски центар - Институт за меѓународни односи ИМО www.imo.hr од Загреб.

Г.Ш. извор: онењорлд