Дом на културата Браќа Миладиновци - Струга
Промоција на книгата “Лабуништа”
Во Домот на културата “Браќа Миладиновци” во Струга беше промовирана монографијата за селото Лабуништа, од авторот Фадил Мустафоски-Мустоски, во издание на “Ирис” од Струга.
Во неа низ бројни фотографии авторот ја отсликува историјата на ова село низ разни периоди. Рецензенти на монографијата и наедно нејзини промотери се д-р Стојан Ристески, д-р Наум Мариноски и д-р Михајло Будиноски, кои за авторот велат дека е вљубеник во неговото родно село. Во растежот на Лабуништа од темнината на неписменоста до сегашниот степен на развој, тој се вградил и самиот, носејќи ја и желбата за уште поголеми достигнувања. Фадил Мустафоски-Мустоски посветил особено внимание на етнографските одлики, во коешто поглавје ставил посебен акцент на архитектурата, на обичаите, на народните носии, на народниот говор и на топономијата. Вредноста на монографијата е во тоа што настаните се прикажани хронолошки, а бројните географски, етнографски и други податоци - потеклото, обичаите, животот на населението, авторот ги презентирал мошне солидно, темелно и објективно.
Стојан Кукунешовски
|