ФОНДАЦИЈА МОБИМАК

Давањето придонес кон општеството е нивна основна ориентација 

Фондацијата МОБИМАК е меѓу првите во земјата чијшто основач е деловната компанија - МобиМак која континуирано е ориентирана кон давање придонес кон општеството во коешто дејствува. Таквата ориентација го иницира создавањето на Фондацијата чиешто едногодишното постоење минатата година беше одбележано под мотото „Една година хуманост на дело“.

Во македонската јавност, Фондацијата МОБИМАК стана препознатлива по поддршката на низа активности кои влијаат на развој на граѓанското општество денес, а одговорните се надеваат дека со нивниот пример ќе влијаат на основање други фондации од ваков вид.

„Добредојдена е секоја добронамерна соработка, поддршка, предлог за доброто на сите“, вели Светлана Петровска, претседател на Фондацијата, чии  корисници се правни и физички лица кои аплицираат со проекти што треба да бидат во согласност со  нејзините програмски цели и задачи, оформени во соработка со консултативно тело. Во согласност со поставената мисија за поддршка на општеството во различни полиња од неговиот развој, Фондацијата генерира инвестиции за различни програми, согласно со поставената стратегија за охрабрување и инволвирање на   бизнис-секторот за повеќе инвестиции во проекти од општествено значење.

Средствата на Фондацијата МОБИМАК  се насочени  кон развој на културата, образованието, здрав­ството, животната средина, спортот и хума­нитарните дејности, а во јавноста Фондацијата е позната со поддршката на проектите за пошу­мување, за печатење на автобиографијата на Мајка Тереза на англиски јазик,  со обезбедувањето ком­пјутерска опрема за Центарот за реха­билитација на говор, слух и глас од Скопје,  преку проектот за обезбедување на пристапни рампи за хен­дикепирани лица, реализацијата на соодветни предавања во училштата, во рамките на проектот за развој на здрави личности, поддршка на Клиниката за белодробни заболувања - Козле во Скопје, со органи­зи­ра­њето низа ново­годиш­ни мани­фес­тации за деца, како и музички фес­тивали, спортски активности, ли­ковни колонии и др. Фон­дацијата МОБИМАК во својата биографија ја има забележано и поддршката на домовите на културата во градовите каде што се одвиваат одредени активности насочени кон младите од областа на едукацијата, културата, продуктивната  забава и дружењето. Таа доделува и стипендии на деца и млади кои покажуваат исклучителен талент, а го поддржува и откривањето, заштитата и афирмацијата на културното богатство.
Потенцирана е соработката со граѓанскиот сектор како една од приоритените цели на постоење за што говори и распишувањето на тендерот за доставување проекти на граѓански организации за поддршка на јавни здравствени организации во Република Македонија, со којшто Фондацијата МОБИМАК го одбележа почетокот на 2004 година.

К.Б.