коментар

Доволна ли е декада?

Месецот на шегата што го оставаме зад нас изо­би­лу­ваше со сериозни настани. Најголем дел од нив немаат еднократен ефект, напротив. На пример, по­следиците од нашиот избор ќе ги следиме во следните четири години, а ефектите сигурно ќе би­дат и подолгорочни.

Во април Владата официјално ги започна активностите за “Декадата на Ромите” која ќе трае до 2015 година. Ефектите од неа можат да бидат по­дол­горочни. Симболично, започнувањето на ак­тив­ностите Владата го направи на Светскиот ден на Ромите, 8 Април.

Очекувањата на Ромите во Македонија кои се една од најмаргинализираните етнички групи во Ма­кедонија се големи. “Се надевам дека ќе мо­жам да им дадам јадење на моите деца”, “се надевам дека подобро ќе живееме”, се некои од од­го­во­рите на прашањето “што очекувате од Декадата на Ромите?” Во четирите сектори на кои ќе бидат фокусирани активностите: образование, домување, здравство и вработување се очекуваат резултати кои ќе придонесат кон поголема интеграција на Ромите во општеството што е и идејата на целата декада. Но, доволна ли е декада? Доволни ли се десет години за да се надминат стереотипите, верувањата, да се надмине недовербата, да се испразнат крстосниците, да се зголеми животниот век, да се впишат првите денови во ра­бот­ничката книшка...

Веројатно не. Но тоа не значи дека не треба да започнеме. Тоа не значи дека однапред треба да се откажеме. Напротив, “декадата” е предизвик, за Ромите, за сите други со кои живеат Ромите. За Владата, но и за граѓанските организации. Дека­да­та не е само десет години, декадата се првите десет години. А, ефектите од нив, верувам дека ќе бидат долгорочни.

 

Гонце Јаковлеска