календар

3 Мај: Слобода за медиумите…

Светскиот ден на слобода на медиумите се прославува со цел да се обезбеди непреченото, објективно информирање. Медиумите од целиот свет овој ден го слават повикувајќи на слободата на јавниот збор. 

 

... Штедете енергија

Светскиот ден на заштеда на енергија нека биде повод да размислите дека треба да се сочуваат енергетските извори, дека зголемената потрошувачка ги оштетува природните ресурси. На денешниот ден користете помалку електрични апарати, и поведете акција за заштеда на енергијата.

 

8 Мај: Ден на Црвениот крст

Од денот кога Анри Динан ги поставил темелите на најпозната светска хуманитарна организација, Црвениот крст неуморно им помага на луѓето унесреќени од природните непогоди - војните, сиромаштијата и други неволји. Денот на Црвениот крст треба да н$ потсети дека треба да бидеме похумани.

 

9 Мај: Ден на Европа...

Денот кога пред 55 години се поставија основите на Европската Унија се прославува во сите европски држави, па и кај нас. Од 1 до 9 мај ќе се одржат повеќе настани со кој Македонија дава свој придонес кон оваа прослава.

 

... И сеќавање на жртвите на фашизмот

Светскиот ден на жртвите на фашизмот оваа година се прославува во духот на 60-годиш­нината од големата ослободителна војна и победата над фашизмот. Триумфот на сојузниците во Втората светска војна истовремено значеше и победа над фашизмот.

 

15 Мај: Да ја сочуваме климата

Меѓународниот ден на зачувување на климата треба да н$ потсети дека поплавите, ураганите, ширењето на пустините, озонските дуп­ки и прегревањето на Планетата можеме да ги спречиме само ние, со глобална акција про­тив загадувањето и деградацијата на природата.