ГРАЃАНИТЕ БАРААТ
Стоп за “службеното” насилство
По настаните на манифестирање “службено” насилство од страна на полицијата, во случаите во Куманово, Прилеп и Штип, група невладини организации и граѓани од Македонија јавно објавија Декларација во која го осудуваат пречекорувањето на службените областувања на полицијата и бараат кривична и политичка одговорност за овие и други случаи.
Во декларацијата, исто така, се бара Министерството за внатрешни работи да го почитува принципот на презумпција на невиност и да го штити идентитетот на осомничените лица, а медиумите се охрабруваат да ги следат случаите на прекршување на службените овластувања и заедно со јавноста да помогнат тие да се обесхрабрат. На седми март годинава, оваа декларација и реакциите на јавноста беа презентирани на прес-конференција, одржана непосредно пред седницата на собраниската Постојана комисија за заштита на правата и слободите на граѓаните. На прес конференцијата зборуваа Феат Камберовски од Форумот за правата на Ромите Арка од Куманово, Шенај Османов од Здружението за правата на Ромите од Штип, Сашо Клековски од МЦМС и Скендер Садиковиќ и Мемет Далиповски, жртви на полициското насилие во “кумановскиот случај”. М.И.
|