МЖСПП И РЕЦ
Јавна кампања “Заедно до почист воздух”
Во функција на подготовката на Закон за квалитет на воздухот, Министерството за животна средина и просторно планирање и скопската Канцеларија на Регионалниот центар за животна средина за Централна и Источна Европа – РЕЦ, ја започнаа јавната кампања под наслов “Заедно за почист воздух”. Целта на оваа кампања е јавноста да се вклучи во процесот на изготвување на текстот на овој важен законски документ (согласно определбите од Архуската конвенција, каде јавното учество е еден од трите клучни елементи).
Коментарите и препораките на граѓаните, невладините организации, претставниците на бизнис-секторот, институциите и сите други субјекти во општеството се добредојдени, а самиот текст на овој документ може да се најде на веб-страницата на МЖСПП: www.mkoe.gov.mk/zakonzavozduh.pdf.
Мислењата или критиките за овој текст можат да се упатат до Министерството, или преку електронската пошта: zakonzavozduh@moepp.gov.mk, или преку пополнување на прашалникот кој се наоѓа на веб-страницата на Министерството.
М.И.
|