Регионален проект

Европската Унија не е член на вашата политичка партија

Младинскиот  културен центар од Би­то­ла како национален координатор за Ма­кедонија годинава работи на регионалниот проект “вропската Унија не е член на Вашата политичка партија”. Проектот е започнат во декември минатата година и го третира проблемот на политичка  дискриминација во процесот на вработување на гра­ѓани­те, односно постоењето на систем на нееднакви можности при вработувањето, создаден под влијание на поли­тич­ки­те партии. Се спроведува во Маке­до­нија, Црна Гора, Србија, Албанија и протекторатот Косово како заедничка иницијатива на Младинската мрежа на Југоисточна Европа (СЕЕЅН), Бал­кан­ската мрежа за човекови права (БХРН)   и Мрежата за печатени медиуми на Југосточна Европа (СЕЕНПМ), со финан­сис­ка подршка од програмата ФРЕСТА на Данското министерство за над­во­реш­ни работи, а во него се вклучени и гра­ѓа­нските организации:АДП  -Зид, Под­го­ри­ца – Црна Гора (носител на проектот); Едукативниот центар – Крушевац, Србија; Албанскиот младински совет, Тирана, -Албанија; АДИ- При­шти­на, Косово; АДИ –Гостивар, Македонија.

На отворениот конкурс за карикатура на тема „ Без партија – без работа”, по­бе­ди карикатуристот  Владимир Каза­невски а неговото дело заедно со другите пристигнати карикатури во текот на август беа презентирани на изложба во  Културниот центар Точка во Скопје.   

Младинскиот  културен центар од Бито­ла организираше и протестен перформанс пред Агенцијата за вработуванје и штабовите на политичките партии, ја лансираше веб страницата њњњ. емплоѕментрулес.орг, ја промовираше отво­рената телефонска линија за пријавување на случаи од граѓани за  дискриминација во процесот на вработување, а во септември ќе биде промовирана и книга со експерските анализи и резултати од истражувањето на сите земји вклучени во проектот.       К.Б.