Истражување на Брима галуп
Црвениот крст е на прво место по препознатливост
Црвениот крст на Р. Македонија ги презентира резултатите од истражувањето на јавното мислење за организацијата, што на нејзино барање ги реализира агенцијата „Брима галуп”, во ноември, минатата година.
Истражувањето е извршено на 1.000 испитаници, од кои 44 % се изјасниле дека според рејтингот Црвениот крст на Македонија е на првото место во однос на другите организации кои се занимаваат со хумана дејност. Веднаш по него доаѓа „Ел хилал”, за кој се изјасниле 22% од испитаниците. На поставеното прашање „Дали сте слушнале за Црвениот крст”, 93% од испитаниците одговориле позитивно, а оние кои одговориле дека не чуле за организацијата, се лица на возраст од над 55 години, што е сигнал дека с$ повеќе млади луѓе знаат за неа.
Четириесет и четири проценти од испитаниците ја поврзуваат организацијата со помош, а на прашањето кои се нејзините основни активности, 90 % одговориле дека тоа е хуманитарната помош, а дури 62 % одговориле дека им се помага на социјалните случаи. Имиџот на организацијата 64 % го категоризираат како хуманитарен, дури 58 % од испитаниците покажале висок степен на доверба во Црвениот крст кога е во прашање поделбата на донации, а 9 % од анкетираните потврдиле дека примиле помош. За Црвениот крст, кој работи на сопственото реформирање, резултатите се од особено значење.
С.К.
|
|