Кампања на МВР И УНДП
Куршумите не прават разлика...
УНДП и МВР промовираа проект за подигнување на јавната свест за ризикот од пукање на прослави. Со работен наслов „Запрете со пукањето! Куршумите не прават разлика...”, кампањата против оружјето стартуваше со рекламни спотови, флаери и плакати.
Славеничкото пукање од огнено оружје од страна на поединци претставува антисоцијално однесување, со што се загрозува јавната безбедност, нагласуваат претставниците на МВР и УНДП. Цел на кампањата е промена на таквото однесување. Истовремено, упатен е апел до граѓаните и до сите кои поседуваат огнено оружје да го почитуваат законот, да размислат за опасноста која може да произлезе од неконтролираното славеничко пукање и за секој инцидент да ја известат полицијата.
Годинава осум лица се повредени од заскитани куршуми на различни прослави, додека во изминативе две години загинале четири лица. Засега не се размислува за нова акција за собирање на нелегалното оружје.
Т.Д.
|