искуства од регионот

Мрежа на партиципативни практиканти (1)

Развој воден од заедницата
И покрај големите трошоци за граѓанските организации во Босна и Херцеговина насочени кон подобрување на организацискиот капацитет и администрацијата, како и менаџерската пракса, многу малку внимание се посветува на изградбата на капацитети за мобилизирање на локалните ресурси и на поголемото локално раководство во развојниот процес.

Многу често, како резултат на големиот прилив на странска помош во БиХ, локалните здруженија на граѓани (ЗГ) “осцилираат” околу странските донатори и ја прилагодуваат својата работа со цел да ги задоволат барањата однадвор, исклучувајќи ги при тоа во голема мера своите локални тела.

Работата во Развојната фондација за ЗГ ја признава важноста на задоволувањето на локалните потреби и на користењето локални ресурси со цел да се поттикне одржливиот развој.

Се идентификуваат следните главни пречки за постоење динамичен и ефикасен локален граѓански сектор и активно ангажирани граѓани: 

Лош проток на информации
Неадекватните механизми за одговорност и транспарентност се во тесна врска со неуспехот да се испитаат потребите на заедницата, што, пак, води до недостаток на доверба и локална поддршка за иницијативите на ЗГ. 

Низок степен на консултирање и заедничко донесување одлуки
Концентрираното донесување одлуки ја намалува орга­низа­циската сопственост, а неуспехот да се назначи кој ќе биде одговорен за донесувањето одлуки го исклучува и оддалечува поширокото членство.

• Активности имплементирани на непартиципативен начин
Без стратешки пристап кон моби­лизирање на локалната заедница и развивање на ка­пацитетите на членовите, рабо­тата на ЗГ често пати е не­ефикасна, а локалните заед­ници се ретко ангажирани.

• Неадекватно развиени партнерства со локалните институции
Неуспехот за поврзување со релевантните партии/страни до­ве­дува до недостаток на критичка анализа преку дија­лог и неспособност целос­но да се мобилизираат локалните ресурси.

Раѓањето на Мрежата на партиципативни практиканти за Развојот воден од заедницата
Соочени со споменатите проблеми, во декември 2003 година, Фондацијата Мозаик (БиХ), Младински иницијативи (Ма­ке­донија) и ВСО (Велика Британија) го иницираа проектот “Мре­жа на партиципативни практиканти”, финасиран од страна на Балканска доверба за демократија. Целта на проектот беше изградба на капацитети за ЗГ од БиХ и од Македонија за примена на партиципативните методи во работата за развој на заедниците, со цел да се промовира активно учество на мар­гинализираните заедници во демократските процеси во ре­гионот на Западен Балкан. Проектот вклучува обука, проекти за развој и пренесување на знаењето преку вмрежување во самите земји и помеѓу различни земји. Само во БиХ, 13 службеници работеа во 6 заедници, помагајќи им во одредувањето на нивните приоритетни потреби, во оценување на локалните ресурси, изготвување акциски планови и предлог-проекти и во организирање на заедниците околу локалните иницијативи за непосредните корисници.

Фондацијата Мозаик обезбеди дополнителна поддршка за 5 ини­цијативи на заедниците во вид на грантови преку паралелна програма, Фонд за локалните иницијативи.