ХЕПТА
Работа на превенција од крвно и полово преносливи инфекции
Асоцијацијата за здравствена едукација, превенција и подобар третман – ХЕПТА е новоформирано здружение основано во 2006 година, чија цел на работа е унапредување на психофизичкото здравје, социјалното, професионалното и семејното функционирање, со развивање превентивни програми за заштита од крвно и полово преносливи инфекции.
Здружението функционира на волонтерска основа и неговите активности немаат постојани средства, туку бараат донации за секоја кампања што ја реализираат.
Неговите членови работат на превентивни програми насочени кон заштита од инфекции со вирусите на хепатитисот Ц и Б, заштита од ХИВ/СИДА, од полово преносливи инфекции, а реализираат и програми за подобрување на условите за третман и социјално вклучување на лицата што се инфицирани со вирусите на хепатитисот Ц и Б, вирусот на СИДА и други крвно и полово преносливи инфекции.
ХЕПТА реализира и програми и активности за лобирање и застапување за заштита и унапредување на човековите права на лицата инфицирани со вирусите на хепатитисот Ц и Б, ХИВ и други крвно и полово преносливи инфекции, без оглед на нивната врска, национална, етничка, родова припадност и сексуалната ориентација. Дел од програмите се однесуваат на сензибилизирање на јавноста за повисок степен на разбирање и активна поддршка за лицата инфицирани со вирусите на Ц и Б хепатитисот, ХИВ и други крвно и полово преносливи инфекции, а е застапено и информирање и едукација на разни целни групи за превенција од инфекции со вирусите на Ц и Б хепатитисот, ХИВ и други крвно и полово преносливи инфекции. Во програмите на асоцијацијата спаѓа и развивањето социјален маркетинг за проблемите поврзани со крвно и полово преносливи инфекции.
Доколку сакате повеќе да разберете за нивната работа, обратете се во седиштето на здружението на тел. 02/3068-815.
Г. Шабани
|
|