Форум сид Балканс додели
Нови 20 гранта
Програмата Форум сид Балканс - ФСБП (Форум Сѕд Балканс Программе) ги додели новите 20 гранта, во висина до 1.000 евра, чии реализатори ќе бидат граѓански организации и неформални групи од различни градови во Македонија. Станува збор за втората фаза од Програмата за мали грантови што се реализира во соработка со Британскиот совет во Македонија, Агенцијата за млади и спорт, општината Карпош и општината Тетово. Оваа програма е развиена со цел да се поддржи спроведувањето на Националната стратегија за млади во Македонија, а со проектите се промовира неформалното образование, волонтеризмот и локалната младинска работа.
„Посебна предност им беше дадена на проекти предложени од страна на неформални групи, со што се избегнува посредништвото, а моќта се става директно во рацете на корисниците”, велат во Форум сид. Особено се поддржани партнерства меѓу две организации, односно меѓу граѓански организации и единици на локалната самоуправа, како и меѓу неформалните групи и единиците на локалната самоуправа со што уште еднаш се потврдува важноста на соработката меѓу државниот и граѓанскиот сектор.
|
|