2 февруари СВЕТСКИ ДЕН НА ВОДНИТЕ СТАНИШТА: Заштита на водените домови
Водните станишта се домови на огромен број птици, водени животни и растенија. Тие во глобалниот еколошки систем претставуваат една од клучните алки. Истовремено, тие даваат простор и услови за егзистенција на голем процент од биолошката разновидност на нашата планета.
3 февруари МЦМС: Расправа за Законот за здруженија
На 3 февруари 2004 година во 11 часот, во просториите на Македонскиот центар за меѓународна соработка, ќе се одржи јавна расправа за предлог измените на Законот за здруженија на граѓани и фондации. Ќе присуствуваат претставници на повеќе здруженија и експерти од оваа област.
3 февруари СЕРИЈА ПРАДАВАЊА: Медиумите и ЕУ интеграцијата
На 3 февруари, од 10 до 17, 30 часот, во хотелот „Холидеј ин“ во Скопје, ќе се одржи серија предавања на тема „Фактите за ЕУ и улогата на медиумите во процесот на интеграција“. Предавачи ќе бидат Татјана Петрушавкса, професорка на Правниот факултет во Скопје, Василис Марагос советник во Делегацијата на Европската комисија во Скопје, Радмила Шеќеринска, вицепремиер на Македонија и Грегор Крајц, гласноговорник на Владата на Словенија. Организатор е Делегацијата на Европската комисија во Скопје во соработка со Македонскиот институт за медиуми.
3 февруари ПРОМОЦИЈА: Зборник Културна (де)контаминација
На 3 февруари, со почеток во 19 часот, во просториите на Музејот на Македонија, Фондацијата Институт отворено општество - Македонија ќе го промовира зборникот Културна (де)контаминација. Во зборникот се претставени тезите и дискусиите од Првиот експертски форум за културна деконтаминација, кој се одржа во октомври минатата година во Скопје.
|